Индиска корпорација ќе гради студентски кампус на Велешко Езеро

Bez autora
Jul 08 2013

Владата на Република Македонија и општина Велес донесоа одлука да не се одржи јавната лицитација за најавената продажба на плацови за изградба на хотели и мотели на брегот од езерото Младост, недалеку од Велес. Причината за тоа е да и се даде можност за избор на индиската корпорација која најави на Велешкото Езеро да го гради студентскиот кампус. Со оваа одлука на овој странски инвеститор му се дава предност при избор на локацијата. По консултациите со Министерството за транспорт и врски општина Велес одлучи во овој момент времено да ја одложи продажбата на парцелите за хотели и мотели на Велешкото Езеро се до крајното утврдување на парцелите за изградба на студентскиот кампус. Во моментов се врши скенирање на најдоброто место кое ќе биде потребно за изградбата на студентскиот кампус што треба да го гради индиската корпорација.

Индиска корпорација ќе гради студентски кампус на Велешко ЕзероВладата на Република Македонија и општина Велес донесоа одлука да не се одржи јавната лицитација за најавената продажба на плацови за изградба на хотели и мотели на брегот од езерото Младост, недалеку од Велес.

Причината за тоа е да и се даде можност за избор на индиската корпорација која најави на Велешкото Езеро да го гради студентскиот кампус. Со оваа одлука на овој странски инвеститор му се дава предност при избор на локацијата.

- По консултациите со Министерството за транспорт и врски општина Велес одлучи во овој момент времено да ја одложи продажбата на парцелите за хотели и мотели на Велешкото Езеро се до крајното утврдување на парцелите за изградба на студентскиот кампус. Во моментов се врши скенирање на најдоброто место кое ќе биде потребно за изградбата на студентскиот кампус што треба да го гради индиската корпорација - рече Мартин Мајсторов, портпарол на општина Велес.

Во март годинава Индијците дојдоа на езерото и ги разгледаа парцелите зад постоечките угостителски објекти. Сега тие ќе можат да изберат и од плацовите пред браната на акумулацијата. Тие се наоѓаат веднаш над патот и се многу поблиску до самото езеро. Од општина Велес ни рекоа дека, според распишаниот оглас, не се откажуваат од изградбата на автокампот на езерото Младост. Во постапка било утврдувањето на парцелата. Тоа сега го правеле општината и Агенцијата за развој и промоција на туризмот.

Инаку, освен на брегот на езерото општината продава парцели за изградба на станбени згради и во Велес. На јавна лицитација, на која учествуваа девет понудувачи, веќе се продадени две од по 400 квадратни метри во населбата Тунел 2, по цена од 71 денар за квадрат. За дваесет дена ќе се случи втора продажба. Тогаш ќе се продаваат два плаца со површина од 10 илјади квадратни метри за изградба на колективни станбени објекти. Плацовите се наоѓаат во месноста Багремче, на горниот дел од дворот на касарната Алексо Демниевски - Бауман". Квадратен метар ќе се продава за 1.680 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik